Услови на употреба

 Ве молиме да ги прочитате овие услови на употреба (“услови, “услови на употреба”) внимателно, пред да започнете да ја користите нашата платформа – www.teachhoot.com, кој е во сопственост на Друштво за посредување во образованието и едукативни услуги ТИЧХУТ ДОО Скопје.


 Вашиот пристап и употребата на услугите е условена со ваше прифаќање и почитување на овие услови и политиката на приватност. Тие се однесуваат на сите:

  • посетители
  • корисници
  • и останатите кои пристапуваат или ги користат услугите.

 ТИЧХУТ не дозволува користење на сајтот на деца помали од 18 години и таквата употреба е забранета. При употреба на сајтот на деца помали од 18 година, потребен е надзор од родител – старател. Нарачка на едукативните услуги кои што ги нуди интернет платформата може да направи родител-старател за своето дете (под 18 години).

Со користењето на платформата изјавувате дека сте возрасно лице над 18 години и имате деловна способност или имате надзор од родител-старател.


 Преку пристапот или користењето на услугите Вие се согласувате дека овие услови и политиката на приватност се обврзувачки за Вас. Доколку не се согласувате со било кој дел од овие услови и политиката за приватност:

ВЕ МОЛИМЕ ДА ПРЕСТАНЕТЕ ДА ЈА КОРИСТИТЕ ПЛАТФОРМАТА И УСЛУГИТЕ КОЈ ШТО ГИ НУДИ.


Сопствености

 Платформата, целата содрижина на платформата и инфраструктурата која се користи за да се направи платформата достапна се наша сопственост. Вие се согласувате дека нема да ја репродуцирате, дистрибуирате, пренесувате, препродавате било која содржина, софтвер или услуга добиена преку интернет-платформата без претходно одобрување нас.


Кориснички профил (акаунти)

 Кога ќе креирате кориснички профил на нашата платформа, Вие мора да обезбедите податоци кои што се точни и комплетни во секое време. Непочитувањето на оваа одредба претставува повреда на условите на употреба, што може да резултира со итно бришење на на вашиот кориснички профил.


 Вие сте одговорни за безбедно чување на Вашата лозинка која ја користите за да пристапите на Вашиот профил на нашата интернет платформа, како и за сите активности или акции превземени од од Вашиот профил под Вашата лозинка.


 Се согласувате да не ја откривата Вашата лозинка на трети лица.

ЗАДОЛЖИТЕЛНО ВЕДНАШ ТРЕБА ДА НЕ ИЗВЕСТИТЕ КОГА ЌЕ СТАНЕТЕ СВЕСНИ ЗА ПОВРЕДА НА БЕЗБЕДНОСТА ИЛИ НЕАВТОРИЗИРАНА УПОТРЕБА НА ВАШИОТ КОРИСНИЧКИ ПРОФИЛ.


Кориснички профил на тутор

 За корисничките профили на туторите важат погоре наведените одредби. Туторите се одговорни за квалитетот на нивните услуги, кои што ги нудат преку оваа интернет платформа.

 ТИЧХУТ ДОО Скопје, се оградува од било каква одговорност, поврзана со активности и дејствија на Туторите.


Линкови до други интернет страни

 Нашата интернет платформа може да содржи линкови до други интернет платформи или странци кои што не се во сопственост и не се контролирани од ТИЧХУТ ДОО Скопје.


 ТИЧХУТ ДОО Скопје нема контрола врз нив и се оградува од секаква одговорност во однос на содржината, политиката на приватност како и праксата која ја имаат тие страници или платформи. Со прифаќање на нашите услови на употреба вие изјавувате дека сте запознаени со ова и се согласувате дека ТИЧХУТ ДОО Скопје нема да биде одговорна, директно или индиректно, за штета која е предизвикана или постојат наводи дека е предизвикана во конекција со нашата интернет платформа.


 СТРОГО ПРЕПОРАЧУВАМЕ ДА ГИ ПРОЧИТАТЕ УСЛОВИТЕ НА УПОТРЕБА И ПОЛИТИКАТА НА ПРИВАТНОСТ НА ТРЕТИТЕ ВЕБ СТРАНИ ИЛИ ПЛАТФОРМИ КОИ ШТО ГИ ПОСТЕУВАТЕ.


Забранети активности

 Поставување на содржина на сајтот која:

  • Ги крши позитивните закони (вклучувајќи, но не ограничено на: закони за интелектуална сопственост, закони кои се однесуваат на заштита на лични податоци и закони кои се однесуваат на клевета);
  • Содржи лични податоци, освен ако ние јасно не побараме од вас такви информации;
  • Содржи вируси или лош софтвер кој може да наштити;
  • Нуди преземање на заштитени, доверливи или лични податоци;
  • Има ефект на наметнување на другите;
  • Намерно е несоодветна, претставува измама, или фалсификува податоци;
  • Заштитена е со авторски права, трговска марка или било кој друг тип на интелектуална сопственост без јасна изречита согласност од сопственикот на авторското право, трговската марка или друга интелектуална сопственост

 Обидот да се направи или да се направи било што од следното:

  • Пристапување до податоци кои не се наменети за вас, како и логирање на сервер или профил која не се овластени за пристап;
  • Скенирање или следење на платформата со цел собирање на податоци, во обид да се прати продажбата, користењето, агрегирани информации за понудите, информации за цените или слични податоци;
  • Скенирање или тестирање на безбедноста или конфигурацијата на сајтот или да се прекрши безбедноста или мерките за автентикација; или
  • Мешање во употребата на платформата на било кој корисник на било кој начин, вклучувајќи, без ограничување, по пат на поднесување на вирус на сајтот обид да се направи преоптоварување со "спам", или да се напраив прекин на сајтот.
  • Преземање било каква акција што создава прекумерна побарувачка за нашите услуги или наложува, или може да наметне, неразумно или несразмерно големи оптоварувања на нашите сервери или други делови од нашата инфраструктура;
  • Пристапување, следење или копирање на било која содржина од сајтот, користење на било кој "робот", "пајак", или други автоматски средства или било кој рачен процес за било каква цел, без нашa писмена дозвола;
  • Длабоко поврзување со кој било дел од платформата (вклучувајќи, без ограничување, патеката за купување за секоја услуга) без наша писмена дозвола;
  • Поврзување до платформата од било кој друг веб-сајт без наша почетна и тековна согласност; или
  • Дејствување незаконски или злонамерно против бизнис интересите или угледот нашето Друштво.

Престанок

 Можеме да одлучиме за престанок или да оневозможиме пристап до нашата интернет платформа, без претходно известување или одговорност, за било каква причина, вклучувајки и без ограничување повреда на условите на употреба или политиката на приватност.


 Сите одредби на условите кои се такви по природа остануваат во сила и по престанокот на платформата, вклучувајки без ограничување, правата на сопственост, побарувањата, трговските марки и сл.


 Ние можеме да одлучиме за бришење или определена временска суспензија за користење на вашиот кориснички профил на нашата интернет платформа, без известување, за било која причина вклучувајки без ограничување и повреда на условите на употреба или политиката за приватност.

 По бришењето, Вашето право да ги користите нашите услуги, престанува веднаш.

 Доколку сакате по Ваша волја, да се избрише Вашиот кориснички профил, едноставно престанете да го користите.


Плаќања, Начин, Услови

 ТИЧХУТ издава електронска фактура, која е основ за плаќање на услугите кои ги користите од платформата.

Плаќањето се врши онлајн преку дебитна/кредитна картичка.

Електронската фактура се издава и се плаќа пред да се започне со користење на услугите.

Корисниците на платформата, за користење на услугите кои ги нуди платформата, согласни се фактурата да им биде издадена во електронска форма.


Гаранции и рекламации

 Доколку сте незадоволни од било која услуга обезбедена преку платформата, Ве замолуваме истото да ни го образложите на нашиот е-маил contact@teachhoot.com. Одлуката останува на диспозиција на сопствениците на ТИЧХУТ, кои по утврдување на основаноста на рекламацијата, ќе ги превземат потребните дејствија за корегирање на истата.

Услугите кои што се нудат преку ТИЧХУТ како и содржината на веб страната и сите останати видови на материјали кои се достапни преку вебсјатот се БЕЗ ГАРАНЦИЈА и не вклучуваат никако ГАРАНТЕН ПЕРИОД. Тие се дадени како што се и поради тоа ТИЧХУТ се оградува од секаков вид на одговорност, вклучувајќи ги и без ограничување, точноста на податоците, грешки во содржината и часовите и соодветноста на содржината.


Позитивно право

 За се што не е предвидено со овие услови на употреба, ќе важат позитивните Закони на Република Македонија. За секој спор што ќе прозилезе од овие одредби, страните ќе се обидат да го решат по мирен пат, во спротивно надлежен ќе биде Основниот суд Скопје 2 Скопје.


Измена на условите на употреба

 Ние го задржуваме правото, на наша дискреција, да ги модифицираме или замениме овие услови на употреба во било кое време. Доколку станува збор за материјални промени, ќе се обидеме да оставиме 30 дневно известување. За тоа што преставува материјална промена одлучуваме ние, на наша дискреција.


 Со продолжување на пристапување и користење на нашата интернет платформа и како посетители или корисници, Вие се согласувате дека сте обврзани со тие одредби. Ако не се согласувате, Ве молиме да престанете да ја користите нашата интернет платформа.


Контакт

 За дополнителни прашања, ве молиме контактирајте не на: contact@teachhoot.com