политика на приватност

 Политиката за заштита на лични податоци ги содржи практиките за приватност на интернет платформата www.teachhoot.com и објаснува како Друштвото за посредување во образованието и едукативните услуги ТИЧХУТ ДОО Скопје ("нас", "ние" и "нашите") ги користи вашите лични податоци, а се однесува на нашата интернет платформа www.teachhoot.com, електронските услуги, нашите социјални мрежи и испратените електронски пораки од нас.


 ТИЧХУТ ДОО Скопје го почитува во целост Законот за заштита на личните податоци и сите добиени лични податоци ги обработува во согласност со Законот. ТИЧХУТ ДОО Скопје ги има донесено сите потребни Правилници согласно Законот и ги имлементира истите при обработката на лични податоци.


 Со пристaпување или со користење на нашата интернет платформа се согласувате со сите услови дефинирани во оваа Политика за заштитa на лични податоци и Условите за користење на нашата интернет платформа. Доколу не се согласувате со овие услови, напуштете ја оваа страна и не го употребувајте нашиот сајт.


Видови на податоци кои ги собираме

 Ние собираме два вида на податоци на нашата интернет платформа од нашите корисници, Лични податоци и податоци кои што немаат личен карактер. Овие податоци се собираат кога:

  • Се пристапува или користи нашата интернет платформа
  • Се регистрирате, се зачленувате или креирате профил
  • Ги отворате или одговарате на нашите email пораки
  • Оставате коментари на интернет платформата

ПРИБИРАЊЕ И ОБРАБОТКА НА ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

'Личен податок' е секоја информација која се однесува на идентификувано физичко лице или физичко лице кое може да се идентификува, а лице кое може да се идентификува е лице чиј идентитет може да се утврди директно или индиректно, посебно врз основа на матичен број на граѓанинот или врз основа на едно или повеќе обележја специфични за неговиот физички, физиолошки, ментален, економски, културен или социјален идентитет;


‘Обработка на личните податоци’ е секоја операција или збир на операции што се изведуваат врз лични податоци на автоматски или друг начин, како што е: собирање, евидентирање, организирање, чување, приспособување или промена, повлекување, консултирање, употреба,откривање преку пренесување, објавување или на друг начин правење достапни, изедначување, комбинирање, блокирање, бришење или уништување;


‘Согласност на субјектот на лични податоци’ е слободно и изречно дадена изјава на волја на субјектот на лични податоци со која се согласува со обработката на неговите лични податоци за однапред определени цели;


 Кога ќе се вклучите на интернет платформата во делот креирање на профил, порачка на услуга, додавање на содржина и/или објавување на содржина може да побараме да обезбедите некои податоци за Вас.


 Ако одберете да се вклучите во некоја активност која бара идентификација, може да побараме од Вас да обезбедите одредени лични податоци, како на пример: име и презиме, поштенска адреса (вклучувајќи и поштенски код), е-мејл адреса, телефонски број и датум на раѓање.


СО САМОТО ВНЕСУВАЊЕ НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ ВИЕ СЕ СОГЛАСУВАТЕ ЗА ВРШЕЊЕ НА НИВНА ОБРАБОТКА.

ПОДАТОЦИ КОИ НЕМААТ ЛИЧЕН КАРАКТЕР

 Овој вид на податоци се податоци кои не го идентификуваат крајниот корисник. Овој вид на податоци може да вклучат работи како универзален Ресурсен Локатор ("URL") на веб страната која сте ја посетиле пред да дојдете на нашата интернет платформа, URL на веб страната која сте ја посетиле по напуштањето на нашата платформа, типот на пребарувачот што го користите и вашиот Интернет протокол ("IP") адреса. Ние, и / или нашите овластени трети странки Даватели на услуги и лица кои се рекламираат, може автоматски да ги собереме овие податоци кога ќе ја посетите нашата интернет платформа преку употреба на електронски алатки како "Cookies".

Избор на корисникот за зачувување и употреба на податоци кој немаат личен карактер

 Cookies – енкриптирани податоци – корисничко име и лозинка, истекуваат кога ќе заврши сесијата односно:

  • Кога корисникот ќе се одјави
  • Кога корисникот ќе го затвори пребарувачот на кој е вклучена сесијата

 Доколку е потребно бришење од билтенот, потребно е да се прати е-маил до администрацијата.


 Ние ги користиме собраните податоци кои се образложени во оваа Полтика за заштита на лични податоци со цел:

  • Да го подобриме работењето на сајтот и да ви понудиме персонализирани едукативни услуги од нашите тутори.
  • Да го подобриме UX и UI.
  • Да Ве информираме за определени едукативни услуги и новости.
  • Да ви испраќаме потсетници, известувања, апдејти, административни пораки, промотивни пораки и барани информации.
  • Да ги водиме секојдневните бизнис активности како администрација на сајтот, анализи, заштита од злоупотреби или следење на законите.

Кога се откриваат податоци на трети лица од страна на ТИЧХУТ

 Ние нема да ги делиме, продаваме или изнајмуваме вашите лични податоци на други лица, освен во некои од случаите кои се предвидени подолу:

  • Определени лични податоци се споделени со туторите – соработници на ТИЧХУТ, при пријава за некој вид на едукативна услуга.
  • Можеме да ги споделуваме вашите податоци при трансфер на бизнисот.
  • Ние можеме да ги споделуваме вашите податоци за наша заштита и заштита на други (во случај на судски налог).

Безбедност на податоците

 Платформата користи Secure Socket Layer (SSL) технологија за безбедност на податоците.

Социјални мрежи

 На Тичхут можете да се најавите и со кориснички акаунти од социјалните мрежи. Начинот на обработка на личните податоци при најава со кориснички акаунт од социјалните мрежи во целост подлежи на политиката за приватност и правилникот за технички и организациски мерки за заштита на личните податоци.

Политика за заштита на лични податоци за деца

 ТИЧХУТ не дозволува користење на сајтот на деца помали од 18 години и таквата употреба е забранета. При употреба на сајтот на деца помали од 18 година, потребен е надзор од родител – старател. Нарачка на едукативните услуги кои што ги нуди интернет платформата може да направи родител-старател за своето дете (под 18 години).

Со користењето на платформата изјавувате дека сте возрасно лице над 18 години и имате деловна способност или имате надзор од родител-старател.

Измена на политиката за приватност

 ТИЧХУТ го задржува правото да ја измени оваа Политика за приватност (ПП) во секое време преку објавување на овие промени на платформата. Промените стапуваат во сила веднаш по објавувањето на истите. Доколку Вие продолжите да ги користите услугите и производите по промената, ВИЕ СЕ СОГЛАСУВАТЕ СО И ГИ ПРИФАЌАТЕ ОВИЕ ПРОМЕНИ. Поради тоа, ваша обврска е редовно да го посетувате веб страната со цел да бидете информирани за најновите промени и верзии на Политиката за приватност.

ТИЧХУТ НЕ ВРШИ ПОСТОЈАН ПРЕГЛЕД НА ВАШАТА ВНЕСЕНА СОДРЖИНА И НА ЦЕЛОКУПНОТО КОРИСТЕЊЕ И НЕ ПОДЛОЖИ НА НИКАКВА ОДГОВОРНОСТ ВО УСЛОВИ НА ПРЕКРШУВАЊЕ ВО КОРИСТЕЊЕТО НА ИСТАТА.

Ве молиме контактирајте не ако имате било какви прашања во врска со нашата Политика за заштита на лични податоци на е-маил contact@teachhoot.com