Работа како тутор

инстант решение

стани онлајн тутор и заработи екстра пари

  • Услови за да станеш тутор - За да можеш да станеш онлајн тутор најпрво треба да имаш наполнето минимум 18 години. Посакувано е да си студент во последната година на студирање или да имаш завршено на еден од акредитираните македонски универзитети. Посебно се добредојдени искусни професори кои сакаат да придонесат во дообразование на учениците како и да заработат екстра пари.

    Секако, секој случај е посебен и го зачувуваме правото на дискреција при изборот на тутор. Многу е важно туторите да имаат знаење, искуство по предметот кој го предаваат како и љубов кон подучувањето во глобала. Moже да се стане тутор по кој било предмет од областа на образованието:математика, физика, хемија, програмски јазици, странски јазици, софтвер итн.
  • Регистрација на тутор - Најпрво бесплатно регистрирај се на нашата платформа. Откако ќе го завршиш процесот на регистрација, прати ни го твоето резиме, скенирани копии од дипломите и сертификатите за полето во кое сакаш да предаваш. Потоа, чекај ќе бидеш контактиран од нас, за да ги договориме деталите околу интервјуто и презентацијата на нашата платформа. Може да избереш да дојдеш лично во нашата канцеларија или целиот процес да го одржиме со помош на Скајп. Додади не на Скајп. Нашето Скајп корисничко име е Teachhoot. По завршениот процес се потпишува договор за соработка.
  • Направи атрактивен бесплатен профил - После регистрацијата и потпишувањето на договорот твоја задача е да го пополниш својот профил со точни податоци за твојата биографија, образование, достапност и цена. Презентирај се на интересен и досетлив начин со цел твојот профил да привлече поголемо внимание кај учениците, истовремено да ги информира за сè што нудиш како тутор. Многу е важно внесените податоци да се вистинити. Избегнувај лажни и преувеличени информации.
  • Формирање на цена – Потруди се цената да биде компетитивна и реална. Препорачуваме на почетокот да се работи со попуст, односно цената да биде пониска од фактичката цена по која би давал приватен час. Ова го препорачуваме со цел да ја зголемиш твојата конкурентност на пазарот и да се промовираш побрзо на нашата платформа. Цената потоа можеш постепено да ја подигнеш на твоето реално ниво. Ти како тутор имаш приватност во формирањето на цената која може да биде формирана и во договор со ученикот.
  • Поставување на распоред - Биди внимателен при поставувањето на твојот распоред. Распоредот треба да ја претставува реалната слика кога си достапен за учениците и си слободен за давање часови. Нашата платформа функционира 24/7, освен при редовни одржувања на системот. Наша препорака е твојата достапност да покрива периоди кој не се во пик време. Вака би се одвоил од мнозинството на тутори и потенцијално би заработил повеќе.
  • Биди поврзан на нашиот систем на пораки - Ако сакаш да добиеш екстра работа при решавање на објавените задачи и проблеми од страна на учениците ти препорачуваме постојано да бидеш поврзан на нашиот систем за пораки како и редовно да си го проверуваш твоето електронско сандаче за нова понуда за работа. Твојата достапност и време на реагирање при пратена понуда за работа е еден од најважните делови за да заработиш повеќе и да креираш позитивен имиџ кај учениците.
  • Прв контакт со ученик - Кога за првпат стапуваш во контакт со ученикот најважно е да се однесуваш на културен начин. Во разговорот со ученикот конкретно задржи се на проблематика со која се соочува и избегнувај непотребни информации. Разбери го ученикот и неговите уникатни потреби. Кога конечно ќе се договориш со ученикот почитувај го договореното и биди присутен заради негово исполнување. Твојот имиџ и рејтинг како и твојата заработка зависат од ова.
  • Одржување на приватни часови и давање решенија - Часот кој се одржува во нашата виртуелна училница ја претставува главната услуга по која треба да ја покажеш твојата професионалност и знаење со цел да им помогнеш на учениците и да добиеш позитивен feedback. Биди културен, достапен и конкретен. Колку си подобар во согледувањето на проблемите со кои се соочува ученикот толку поточно би можел да дојдеш до правилен пристап за нивно решавање. Испланирај го часот и не троши време. Парите од услугата ќе бидат регистрирани во делот за финансии само по успешно изведениот час или точно и навремено доставување на решението на одреден проблем.
  • Рејтинг - Најважно мерило за еден тутор е позитивниот рејтинг. Од него зависи колку работа ќе добиеш. Биди колку што можеш најдобар и најпрофесионален. Колку повеќе успешни часови ќе одржиш и точни и навремени решенија ќе дадеш, твоето котирање и видливост на нашата платформа се повеќе ќе се зголемува, а со тоа повеќе работа за вас. Колку повеќе оджани приватни часови и решени проблеми толку повеќе заработени екстра пари за вас.
  • Промоција - Во промоцијата делумно помагаме ние со генерално рекламирање на платформата како и самиот ти преку самоогласување на социјалните мрежи и рекламните сајтови. Важен дел од промоцијата е и можноста да пишуваш статии на нашиот блог. Со редовните статии на нашиот блог, имаш можност подобро да ги запознаеш читателите со темите на кои одржуваш приватни часови, а и со себе, како тутор на нашата платформа.