Како работи TeachHoot?!

ТИ ТРЕБА ПОМОШ СО ДОМАШНАТА?

Доколку сакаш еднократно решение на задачите по математика, проблеми во кодирањето на специфичен програмски јазик (на пример: C/C++, C#, JAVA, JavaScript, HTML, Android) или помош во изработката на семинарска работа по хемија, едноставно пополни го нашиот електронски формулар на кој ќе ги назначиш: насловот, детален текстуален опис, категоријата во која спаѓа проблемот, времето за кое сакаш да биде објавен како и јазикот на кој сакаш да го добиеш одговорот.

Откако ќе го објавиш формуларот, нашиот систем ќе почне со автоматско пребарување на туторите кои најмногу одговараат на индивидуално зададени параметри. Доколку системот најде тутори кои одговараат на зададеното барање, ним ќе им биде доставена понуда за работа.

Туторите кои го знаат решението на твоето барање праќаат понуда за цената и времето за кое можат да го решат твојот проблем. Ти потоа го имаш правото да го избереш туторот со најдобра понуда за тебе.

Откако ќе го избереш туторот тој ти го дава времето потребно за да ја реши зададената задача.

Доколу е постигнат договор меѓу ученикот и предавачот ти плаќаш преку нашиот безбеден центар за електронска наплата при што се резервираат средства.

По одредено време добиваш одговор во форма на документ или текст, а истовремено имаш можност да го оцениш туторот во зависност од квалитетот на решението што го имаш добиено. Туторот не ги добива твоите пари сè додека успешно не го достави решението.

ПОВРЗИ СЕ СО ТУТОР

Ако еднократно решение не е тоа што го бараш туку сакаш да навлезеш подетално во проблематиката и суштината на одреден предмет, тогаш можеш да ја искористиш нашата втора услуга односно да закажеш индивидуален час во нашата виртуелна училница. Нашата платформа има широк избор на искусни професори по математика, машински предмети, физика, хемија, програмски јазици, англиски, шпански и многу други образовни области за студенти, средношколци и основци. Едноставно искористи го нашиот напреден пребарувач на тутори во кој ти самиот ги поставуваш параметрите за туторот што го бараш и тоа: по цена, рејтинг (оценка), категорија, online статус и јазик на кој сакаш да се одржи предавањето.

Откако ќе ги поднесеш параметрите нашиот систем во истиот момент ќе ти одговори со листа на тутори кои највеќе одговараат на истите. Ти ја имаш слободата од листата да го избереш туторот кој највеќе ти одговара на потребите.

Слободно можеш да го разгледаш неговиот јавен профил и подетално да се запознаеш со неговите квалификации како и распоредот за неговата достапност. Следниот чекор е да воспоставиш контакт со избраниот тутор со тоа што ќе му пратиш лична порака преку нашата платформа за да ги договорите деталите околу приватниот час.

ПОЧНИ СО ПРИВАТНИОТ ЧАС ВО НАШАТА ВИРТУЕЛНА УЧИЛНИЦА

Откако ќе се договориш со туторот за деталите на часот се врши електронска наплата од страна на нашата платформа во безбедна средина. По наплата чекај туторот да ви прати покана за час во нотификации. По твоето прифаќање на поканата веднаш отпочнува сесијата во нашата виртуелна училница каде со помош на whiteboard и screen sharing технологија се одржува приватниот час во живо.

Онлајн приватниот час трае во зависност од времето што го имаш избрано и тоа 30, 45 и 60 минути.

По завршувањето на сесијата имаш можност за отпочнување на дополнителна сесија со претходен договор меѓу тебе и предавачот. Доколку сесијата е целосно завршена се даваат податоци за временскиот тек на приватниот час.

Имаш исто така можност да го оцениш туторот со тоа што ќе му дадеш оценка од еден до пет и да оставиш коментар на неговиот профил.

Те молиме да го искористиш твоето право за оценка со цел да се добие реална слика за квалитетот на одржаниот час како и за квалитетот на самиот тутор.

На овој начин ќе помогнеш во подобро рангирање на добрите тутори како и дерангирање на лошите со што ќе се подобри твоето како и искуството на сите ученици на нашата платформа.