често поставувани прашања

  • Објавување на образовни проблеми - Објави го својот образовен проблем поврзан со твојата домашна работа или работа на семинарска и чекај најдобра понуда за негово решавање од удобноста на сопствениот дом.
  • Приватни часови во виртуелна училница - Искористи ја нашата врвна технологија која овозможува уникатни алатки за совладување на недостатоците во образованието. Со помош на нашата виртуелна училница можеш да учиш со професор во живо. Закажи приватни часови по математика, физика, хемија, англиски јазик итн.
  • Заштеда на време - Го скратуваш времето потребно за патување до местото на одржување на приватниот час.
  • Заштеда на пари - Целосно се отстрануваат транспортните трошоци.
  • Комотност - Приватни часови од удобноста на сопствениот дом. Можеш целосно да бидеш физички и ментално опуштен при нивното одржување.
  • Квалитет - Нашата интерна селективност на тутори и поставениот систем на рангирање и коментирање за услугите ти овозможува транспарентност на квалитетот на туторите. Секој тутор има оценка од 1 до 5 (ѕвезди) која претставува слика за неговата успешност во изведбата на приватните часови.
  • Распоред - Избери тутор и одржи час во времето кое тебе ти одговара. Нашата платформа е отворена 24/7.
  • Сигурност - Твоите финансии при плаќање за нашите услуги се резервираат на нашата платформа и туторите не се исплаќаат сè додека успешно не заврши часот.
Регистрацијата е бесплатна. Секој тутор со профил на нашата платформа има различна цена за дадената услуга. Некои се поскапи, а некои поевтини.
За да ги користиш услугите на нашата виртуелна училница треба да го инсталираш само додатокот (extension) за screen sharing.
На десктоп или лап-топ може да се користат Google Chrome,Opera и Mozila Firefox а на таблет само Chrome и Mozila Firefox. Нашата виртуелна училница во моментов е компатибилна само со Google Chrome. Часот може да се одржи само доколу го имате Google Chrome како ваш пребарувач.
Потребно е да имаш брз интернет, твојот компјутер треба да биде понов и да задоволува минимални перформанси:
  • Процесор(CPU) - Двојно јадро(Dual core) на 2.2Ghz
  • Меморија(RAM) - 4GB
  • Интернет - минимум Download 1024 Kbps и Upload 512 Kbps посветени на часот. Тоа значи дека сè додека трае часот, пожелно е да се исклучат другите апликации кои користат Upload/Download. (провери)
  • Микрофон
За подобар квалитет на часот пожелно е да имаш и камера, но не и неопходна.
За да можеш да ги користиш нашите услуги потребно е да ги прифатиш нашите услови на употреба и да регистрираш бесплатен профил. Регистрацијата одзема само неколку минути и ќе ти овозможи целосен пристап до нашата платформа.
Ако не се сеќаваш на твојата лозинка кликни на линкот заборавена лозинка кој се наоѓа под копчето за најава. Ќе ти бидат пратени натамошни инструкции на твојот e-mail, оносно директно до твојата регистрирана e-mail адреса. Провери ја твојата електронска пошта и кликни на линкот за промена на лозинката каде што ќе можеш да ја промениш твојата лозинка.
  • Направи БЕСПЛАТЕН Профил.
  • Најди Тутор со помош на дадените филтри.
  • Провери го распоредот и цената на избраниот тутор и доколку ти одговара прати порака дека сакаш да закажеш индивидуален час со него во која ќе го определиш датумот, времето и условите за часот.
  • Откако ќе ги договориш деталите околу индивидуалниот час, туторот ќе ти прати покана за тој час.
  • Прифати ја и плати ја поканата пред да истече зададеното време за одобрување и влези во нашата виртуелна училница каде ќе те чека туторот за да почнете со часот. Доколку истече зададеното време за одобрување, поканата се брише и треба повторно да се повтори процесот на закажување.
  • Откако часот ќе заврши автоматски ќе бидеш пренасочен на страница каде можеш да ги видиш деталите за тој час и да оставиш оценка за туторот.
Комуникацијата целосно се прави преку нашиот интерен систем на пораки. За да можеш да го користиш треба да бидеш регистриран и најавен на нашата платформа.
  • Доколку сè уште не си регистриран пополни формулар со детално објаснување на твојот проблем и времето за негова објава на платформата.
  • За да можеш да го објавиш проблемот ќе мора претходно да се регистрираш на платформата.
  • По регистрацијата проблемот ќе се објави до релевантните тутори.
  • Ако си веќе регистриран прво најави се и објави го проблемот од твојот профил, а потоа автоматски ќе биде пратен до релевантните тутори.
  • Пред истекот на времето зададено од тебе би требало да добиеш неколку понуди од тутори со цена и време за кое може да го решат зададениот проблем.
  • Ја избираш и плаќаш најповолната понуда според тебе. Чекаш решение од страна на тутор во времето кое е зададено во понудата.
  • Ако времето за решение зададено во понудата измине, имаш право да ја оспориш понудата со што спорот автоматски ќе биде решен во твоја полза и платените пари ќе ти бидат вратени.
  • Кога ќе добиеш решение, можеш, доколку е во ред да го одобриш или доколку не е во ред, да побараш ново со праќање на порака до туторот.
  • Доколку го одобриш решението, проблемот е решен и можеш да оставиш оценка за понуденото решение од тој тутор.
  • Доколку го оспориш решението, администрацијата на TeachHoot ќе треба да интервенира за да се разреши спорот. Времето за решавање на спорот може да трае подолго. Затоа ве советуваме, да пробате да го разрешите интерно со туторот. Доколку спорот е решен во твоја полза платените парите ќе ти бидат вратени.
  • Плаќањето се врши со кредитна или дебитна (Visa, Mastercard) картичка, преку системот за електронска наплата, хостиран од ХАЛКБАНКА-СКОПЈЕ.
  • Погледнете го видеото за како да закажеш онлајн приватен час помеѓу 2:15 - 2:30 минута, каде е објаснет начинот на плаќање.