За Нас

TeachHoot e онлајн образовна платформа која овозможува лесно и брзо примање и предавање на знаењето меѓу учениците и туторите од удобноста на сопствениот дом во нашата виртуелна училница

Едукативната револуција на онлајн приватните часови почнува тука

Во последниве 20 години сведоци сме на промената на начинот на кој учиме и се усовршуваме со помош на интернетот како револуционерна алатка за достапност до информации. Границите што до вчера претставуваа пречка во комуникацијата, работата и учењето, драстично се намалуваат со помош на новите веб-апликации. Секојдневно сме сведоци на креативноста на младите луѓе во светот и нивната желба за промена на подобро.

Ние сме дел од тие луѓе кои сакаат да ја сменат статус-кво состојбата во пристапноста на едукативните услуги во нашата поширока средина и нивна поголема и побрза реализација. Како двајца ентузијасти, љубители на технологијата и учењето, веруваме во огромната важност што ја има континуираното образованието во нашите животи.

Ние, голем дел од сопствениот живот го посветивме во формално надградување по образовни институции во нашата земја и странство. Континуираното надградување и учење сѐ уште зазема значаен дел од нашето секојдневие.

Љубовта која ја имаме кон знаењето и потребата за лично усовршување ја преточивме во изработката на оваа платформа која претставува производ на долгогодишно искуство, истражување и работа.

„Нашата цел е со примената на информатичките технологии да го модернизираме образованието, да ги победиме територијалните, институционалните и пазарните ограничувања кои постојат при давање и примање на знаењето во нашата земја и светот.“

Сакаме да формираме нов пазар на трудот каде што секој професионалец што има страст кон споделување на знаење да може тоа да го предаде на брз и едноставен начин со помош на нашата технологија, а учениците да стигнат до тоа знаење експедитивно, поедноставено и на начин кој најмногу ги задоволува потребите на индивидуата.