Предности на Oнлајн Образованието
- TeachHoot
- 2017-09-29T12:41:11.9800000
- Општо

Ајде да си замислиме еден свет во кој секој од нас, во кое било време, и кое било место ќе има пристап кон неограничено знаење и ќе може да си го збогатува својот живот преку онлајн учење со помош на тутори кои се експерти во својата област.
Учењето е секојдневен дел од нашиот професионален и приватен живот. Онлајн образованието пак е иднината на нашиот професионален и приватен живот. Тоа претставува крајно лесен и мошне едноставен метод за да се здобиете со знаење во кое било поле, од физика и програмски јазици, до хемија и странски јазици.
Како идеална алтернатива на традиционалниот начин на учење, онлајн приватните часови ни се посебно корисни ако ги немаме ниту средствата ниту времето да си дозволиме учење во физичка училница
.Наместо ние да се доближуваме кон знаењето, онлајн учењето го доближува знаењето кон нас. Освен што помалку ја загадувате планетата, еве ги останатите предности на онлајн учењето кои ќе ве натераат да го промените својот став кон овој вид на образование:
1. Флексибилност
Многумина од нас се и работници и родители, и студенти и волонтери. Нашиот распоред постојано се менува и затоа фиксниот распоред не ни е од полза. Обврската да се појавиме на час во традиционална училница во одреден термин во неделата е едноставно неизведливо. Принудени сме да не присуствуваме на час и покрај тоа што сме планирале да научиме нешто ново и веќе сме платиле
.
Предноста на онлајн образовните платформи како TeachHoot е што можете сами да си закажете час во кое било време, да учите со помош на тутор кој вие сами ќе си го одберете, облечени во вашата најудобна облека. Преку платформата, вие имате можност за лесно и брзо примање и предавање на знаење од удобноста на сопствениот дом во виртуелна училница.
2. Намалени трошоци
Учењето во виртуелна училница е поевтино поради неколку причини. Патните трошоци како бензин, паркинг, одржување на возило, или јавен превоз се непостоечки.
Земете ги и предвид и трошоците за чување на дете или за сместување ако патувате од друг град за да посетувате курс кој го нема во вашето место на живеење. На овој начин ќе заштедете на пари и време поради отстранување на потребата за патување до домот на туторот или училиштето.
3. Зголемена интеракција помеѓу тутор-ученик
Учениците во традиционалните училници не го добиваат индивидуалното внимание кое им е потребно. Наместо група од десетина ученици или повеќе, вие сте единствениот ученик во виртуелната училница кон кого туторот го упатува своето знаење и го посветува своето внимание. Зголемената интеракција помеѓу туторот и ученикот е белег на онлајн образованието.
Вие имате доволно време за решавање на проблематики, поставување на прашања, впуштање во дискусии, изработување на семинарски работи, и слично. Многу истражувања покажуваат дека онлајн приватните часови во кои има високо ниво на интеракција помеѓу туторот и ученикот водат кон зголемено учење.
4. Избор на искусни онлајн тутори во најразлични области на средното и високото образование
Онлајн образованието е лесен и брз начин да се пребара и најде квалитетен тутор по специфичен предмет. На овој начин ја имате шансата да учите од онлајн тутори без разлика на нивната географска положба
.Со други зборови, можете да бидете подучувани од тутор кој се наоѓа во Њујорк или Шангај без да мора да резервирате лет до таму. На онлајн образовните платформи можете да најдете широк избор на искусни професори по: математика, машински предмети, физика, хемија, програмски јазици, англиски, шпански, и многу други образовни области за студенти, средношколци, и основци.
Без разлика дали сакате еднократно решение на задачите по математика, имате проблеми во кодирањето на специфичен програмски јазик, или ви треба помош во изработката на семинарска работа по хемија, едноставно треба да се регистрирате како ученик и да го исконтактирате туторот кој одговара на вашите параметри.
.png.jpg)
5. Достапност до врвна технологија за помош при учењето
Онлајн образованието ви ја нуди можноста ефективно да комуницирате со туторите со помош на врвна технологија. Да ја земеме како пример платформата TeachHoot. При пребарување на тутори, вие самите ги поставувате параметрите и тоа по цена, рејтинг, категорија, и јазик на кој сакате да се одржи предавањето.
Системот ќе ви одговори со листа на тутори кои одговараат на вашите потреби. Дури и електронското наплаќање се одвива во безбедна средина. По наплаќањето и вашето прифаќање на поканата за час од страна на туторот, сесијата започнува во виртуелна училница каде се одржува час во живо со помош на screen sharing и whiteboard технологија.
Иако предностите на онлајн образованието се премногу бројни за сите да ги наведам, се надевам дека веќе имате една замисла како тоа се одвива. Живееме во свет што постојано еволуира и кој е полн со нови можности кои значително ни го олеснуваат животот. Едноставно отворете го својот лаптоп, приклучете се на интернет, вклучете го микрофонот и voilà!
Вие сте веќе чекор поблизу до вашата факултетска диплома и работа од соништата. Ако сакате да ѕирнете како изгледа еден час во виртуелна училница, регистрирајте се . Среќно онлајн учење!