4 причини зошто да се научи свирење музички инструмент
- Стефан Спасовски
- 2017-09-11T17:23:54.2330000
- Музичка уметност

Дали сонувате да свирите инструмент, но верувате дека тоа нема да се случи? Тука сум да ви кажам дека секој може да научи инструмент. Штом слушнете за придобивките ќе бидете уште помотивирани да започнете.
Ментални придобивки
Голем број истражувања покажуваат дека децата добиваат долготрајни позитивни резултати од свирењето музички инструменти. Впрочем, придобивките од свирењето музика се покажале поефективни во зајакнување на апстрактното размислување кај помлади и постари деца отколку учењето на компјутерски вештини.
Децата не се единствените кои имаат корист од позитивните ефекти на учењето инструмент. Докажано е и дека музиката го намалува стресот, ја зголемува продуктивноста и гради самодоверба кај возрасните.
Музиката и мозокот
Веројатно некогаш сте слушнале дека свирењето инструмент не прави попаметни, дали е ова вистина? Нови откритија покажуваат дека децата се стекнуваат со подобра координација, зголемен капацитет за меморија, подобро разбирање и математички вештини.
Друго важно прашање на оваа тема е дали музиката го олеснува школското учење? Според овие истражувања одговорот е да. Свирењето музика го прави учењето полесно со тоа што го зголемува опсегот на вниманието и ги вклучува двете страни од мозокот во процесот.
Од тука може да заклучиме дека е најлесно да се научи свирење инструмент затоа што самиот тренинг ни го зголемува капацитетот за сите видови учење.
Социјални придобивки
Свирењето музика исто така е докажано дека помага во секојдневните социјални ситуации како на пример на работа, во пријателствата, во семејните и љубовните врски.
Тренингот низ кој поминуваме за да го развиеме музичкото разбирање е истиот тренинг кој е потребен за развој на говор и вербални вештини кои се основни делови од секоја врска.
Додатно, музичкиот тренинг бара соработка со луѓе, менаџирање на време, организација, концентрација и слушање. Вештини потребни за снаоѓање во која било здрава врска.
Емоционални придобивки
Не е тајна дека музиката влијае врз нашите чувства. Правата песна може да предизвика благосостојба, тага или гнев. Дека музиката има силен ефект врз нашите емоции не требаат научни истражувања за да се потврди.
Свирењето музика има фасцинантни психолошки придобивки. За редовно вежбање инструмент потребни се истрајност, дисциплина и одговорност, вештини кои се потребни за постигнување каков било успех во животот.
Додатно, успешното справување со предизвиците поставени од учењето на инструмент не исполнува со силно чувство на постигнување.
Најважно, свирењето музика не прави среќни! Малку задоволства на овој свет може да се споредат со катарзата што ја добиваме свирејќи низ акордите на едно музичко дело.
Откријте ја моќта на музичката импровизација и борете со против стресот со компонирање сопствена музика.
Сега кога веќе ги знаете придобивките од свирење инструмент, што чекате?