Освојте ги комуникациските вештини и станете поуспешна личност
- Татјана Гогоска
- 2017-08-24T14:12:24.4800000
- Комуникациски вештини

Секој ден, во секој момент сите живи суштества меѓусебно комуницираат т.е. применуваат различни средства за да ги разменат своите знаци, мислења, ставови и преку соработка да остварат врска со другите. Комуникацијата е чин на воспоставување на врска со други луѓе Комуникацијата е основа на целиот жив свет т.е. за да се живее мора да се комуницира. Затоа луѓето од самите свои почетоци комуницираат т.е. воспоставуваат комуникациска врска меѓу себе.
Комуникацијата секогаш без исклучок мора да е двонасочен процес и во себе вклучува два важни сегмента а тоа се: обид да се разберат зборовите, мислите и чувствата што ги изразуваат другите со кои сте вклучени во комуникациски процес; и од друга страна нашата реакција на тоа.
- За добра комуникација потребно е да имаме:
- способност да ги слушаме и гледаме оние со кои сме во комуникација за да ги разбереме нивните пораки.
- способноста за изнесување на идеите и чувствата за истите да бидат корисни, како и насоките да ги натерате другите да ги слушнат вашите пораки и да ја разберат нивната важност.
- Од каде си?
- Колку години имаш?
- Зошто си тука?
Сето ова се заокружува со способноста да се постигне главната цел на дадената комуникација. Многу е важно да се знае дека со различни возрасни групи треба да се има различна комуникација. Појасно: поинаква е комуникацијата и начинот на која таа се спроведува со деца, со тинејџери, со возрасни, со стари итн.
Исто така мора да се внимава на начинот на комуникација кој се разликува во однос на средината во која се одвива. Дали е во домот, во училиштето, на улица, во некое кафуле, на час, со другарите или роднините.
Секоја одредена група има одредени специфики на комуникација а вештината се однесува во тоа тие да се препознаат ако не ви се познати и да можете да се надополните во нив. Само така ќе можете да се вклопите во секоја средина.
Но, вештините на комуникација се нешто што се учат многу лесно, доколку се знае теоретскиот приказ за значењето и потребата од самата комуникација, нејзините почетоци, содржината и карактеристиките на нејзиното функционирање.
Без комуникација не може да постои ниту едно општество, ниту пак можат да се конституираат и одржуваат општествените структури. Често се случува појдовно преклопување меѓу комуникацијата и интеракцијата. Во секој случај и интеракцијата и комуникацијата се дефинирани како видови на социјално делување.
Интеракцијата е поширок поим и се употребува како синоним за социјално делување, а комуникацијата се дефинира како интеракција со помош на симболи.

НАЈГОЛЕМ КОМУНИКАЦИСКИ ПРОБЛЕМ: КАКО ДА ПОЧНЕМЕ ДА КОМУНИЦИРАМЕ ВО НЕПОЗНАТА СРЕДИНА
Совладајте ја комуникациската пречка во комуникација со непознати
Кога се зборува за комуникација и комуникациски вештини покрај елементите кои ги набројавме, овој дел треба да го заокружиме со дообјаснување на поимот комуникација од еден друг аспект насочувајќи се кон потенцирање на важните елементи во овој двонасочен процес а тоа е комуникација во непозната средина.
Комуникација најчесто се дефинира како размена на информации, симболички, организирани како пораки помеѓу два (од кои едната може да се сфати фиктивно) или повеќе број лица, директно или преку медиумите, во одреден социјален, политички амбиент со одредени ефекти.
Во комуникацијата се гледа дали процесот на постојана размена на информации е содржан во размена на пораки. Комуникацијата може да се дефинира преку употреба на средствата кои се корисни.
Имаме, лична, групна, медиумска која, се однесува на технолошки средства за масовна комуникација, како што се печатот, радиото, телевизијата, комуникациски науки и интернетот. Под комуникација се подразбира целокупноста на односите помеѓу членовите на општеството, како и севкупниот однос изразен во три еднакви процеси: психо-социјална, материјална и масовна комуникација.
Можете сами да ја користите оваа вежба или со вашите најблиски дома, во училиште, на работа каде со помош на вашата имагинација ќе се поставите во непозната средина и ќе го вежбате совладувањето на отпорот за комуникација во непозната средина.
1 Вежба - По личен избор, изберете имагинарна средина (професионална, социјална или група од друга географска одредница). Поставете ги сами трите почетни прашања и реакции со кои би почнале да комуницирате со групата.
- Пример:
Вежбајте ги одговорите, мимиките, гестикулацијата и уочувајте што е добро а што не. Резултатите само после една вежба ќе бидат видливи.
Пробајте! Успехот е пред вас!