Основи на програмирање-Услови
- Деан Живковски
- 2017-11-12T15:49:55.1530000
- Програмски јазици

Со условно извршување на нештата се среќаваме низ секојдневниот живот. Ако добијам 5-ка по математика, моите родители ќе ми дадат поголем џепарлак овој месец, а доколку не, џепарлакот ќе ми биде намален. Тука условот е “ако добијам 5-ка по математика”, акцијата доколку условот се исполни е добивањето на поголем џепарлак, а акцијата доколку условот не е исполнет, џепарлакот ќе се намали.
Условното извршување го имаме и во компјутерските науки поконкретно програмирањето. Ако условот(А) е исполнет тогаш се извршуваат едни наредби(Б), а ако не тогаш следат други наредби(C) во програмата. Со ова самата програма може да се движи во различни насоки.

Синтаксата за пишување на услови во програмирањето е следна.

Пред условот пишуваме “if”, во мали загради го пишуваме условот, на пр. (oceana == 5), следат наредбите доколку условот е исполнет наведени во рамките на големи загради, на пр. { gjeparlak = gjeparlak + 100; }, потоа пишуваме “else”, па ги наведуваве наредбите ако условот не е исполнет повторно во големи загради, на пр. { gjeparlak = gjeparlak - 10; }.
Целиот код би изгледал вака:

Ако подобро забележите кај условот имаме два знака за еднакво(==). Во програмирањето на овој начин се изразува споредба дали левата и десната страна се еднакви(дали ocena е еднаква на 5). Ако имаме едно еднакво(=) тогаш се работи за доделување, со што со ocena = 5 ќе доделивме вредност 5 на променливата ocena. Ако сакате да научите нешто повеќе за променливи, посетете го мојот блог за променливи или варијабли.
Можеме да имаме и вгнездени услови кај кои имаме повеќе од две насоки. Во претходниот пример имавме само две насоки(или е едно или е друго).
Да го прошириме предходниот пример со уште еден услов, а тоа е ако добијам 4-ка по математика џепарлакот ќе ми остане ист. Тука веќе немаме две насоки туку имаме три. Ако добијам 5-ка, ако добијам 4-ка и ако не добијам ниту 5-ка ниту 4-ка, односно се останато. Се додава дополнителен услов помеѓу if и else. Веднаш после завршување на наредбите од првиот услов, новиот услов го додаваме со else if (нов услов){ наредби }

Можеме да додаваме колку што сакаме услови, тука немаме ограничување.
(Продолжува...)
За да научите повеќе за основите во програмирањето, слободно пишете му на Деан Живковски и побарајте помош : )