КРЕАТИВНО ПИШУВАЊЕ, ВИСТИНСКАТА ПРИКАЗНА ПРЕТОЧЕНА ВО КРАТОК И СИЛЕН ТЕКСТ

man writing on a piece of paper

Еден од најголемите предизвици во креативното пишување е својата вистинска приказна да ја преточите во краток и силен текст, кој има литературна вредност.

Навидум на сите почетници во оваа сфера тоа им изгледа најлесно, но кога ќе се втурнат во креативното пишување ќе видат дека таквото лесно пишување иако кратко е многу тешко и може да биде неинтересно. Тоа доаѓа од две причини: првата затоа што „авторите“ се опседнати со својата вистинска приказна и се задржуваат на нивото на доживеаното и второ, не доаѓаат до ниво каде ќе направат таа нивна животна приказна да биде интересен читлив расказ на публиката.

Пишување кратки текстови, едноставни но силни е потешко отколку што изгледа на прв поглед. Всушност и не малку, туку многу потешко. Ако го додадете зборот „вистинит“ во целиот процес и ќе може да се добие нешто што е речиси невозможно да се напише на почетокот.

Затоа пак ако успеете да го направите тоа добро, тогаш сте ја постигнале највисоката точка во процесот на креативно пишување. Затоа што краткиот расказ е најпосакуваната литературна форма за читателската публика. Кратките текстови можат да бидат големи, но, исто така, може да бидат здодевни.

За вашите текстови да бидат во првата категорија на големи текстови, прашање е: Што треба да направите за да напишете таков силен текст? И како да се напише силна, кратка и вистинска приказна?

Уметноста и вештината на пишување кратки текстови (раскази, статии, пораки, блогови)

Можеби некој ќе помисли дека зборот „уметност“ е премногу силен, во овој контекст. Постојат писатели кои велат дека тоа е полесно да се работи на роман затоа што има повеќе простор за експанзија, на пример: можете да правите што сакате со ликовите, заплетот, темата, местата … Но, во краток текст треба да имате се ама тука, кратко и концизно. Во краткиот расказ имате ограничен формат и елементи ограничено време, ограничен број на зборови и ограничен развој на дејството.

Во големи текстови ако напишете кратки параграфи, објаснувате што содржи секоја сцена одделно. Под секоја сцена се вклучуваат сите детали кои се појавуваат во текст или приказна. Во краток расказ ја немате оваа можност.

Краткиот текст мора да содржи барем нешто по кое читателите можат да се идентификуваат. Ако пишувате за нешто за што секој на оваа планета не се грижи, а само вам ви е интересно, тогаш ќе немате успешен текст кој треба да има фид бек.

sunset

Кога седнувате со мисла и порив да пишувате најнапред треба да знаете дека пишувате нешто што ќе биде интересно за другите, нешто што ќе сакаат да го прочитаат. Првиот тест е откако ќе го напишете првично текстот, оставете го некое време и потоа како читател земете да го прочитате. Вашето чувство што ќе се појави додека читате е чувството на секој читател. Може да ви се појави чувство на заинтересираност, на здодевност, чувство на потреба нешто да допишете или пак сето тоа да го искинете и фрлите, т.е. ќе сфатите дека не е добро напишано. Треба да ги надминете основите на обичното пишување кога сакате нешто да напишете а тоа да има литературна вредност

Што ова треба да значи?

Некои кратки текстови се напишани на начин кој едноставно се сомневате во кредибилитетот на авторот кога ќе ги прочитате. Познавање на граматика, правописот и интерпункција е многу важна алатка, како техничка поддршка на интересната содржина напишана уште поинтересно.

Овие работи навистина се основа за успешна пишување. Ако тие не се вклучени во вашиот текст кој претендира да стане расказ како литературна форма, треба да се вратите на почетокот. Најнапред да се оттргнете од вашето чувство на доживеаното, да ги примените основните техники на пишување со кое се обраќате кон читателската публика, и да се втурнете во светот на имагинацијата и емотивното. Само така ќе имате успешна кратка приказна интересна за читателите.

Најнови

Билтен