Во последниве 20 години сведоци сме на промената на начинот на кој учиме и се усовршуваме со помош на интернетот како револуционерна алатка за достапност до информации. Границите што до вчера претставуваа пречка во комуникацијата, работата и учењето, драстично се намалуваат со помош на новите веб-апликации. Секојдневно сме сведоци на креативноста на младите луѓе во светот и нивната желба за промена на подобро.
Ние сме дел од тие луѓе кои сакаат да ја сменат статус-кво состојбата во пристапноста на едукативните услуги во нашата поширока средина и нивна поголема и побрза реализација. Како двајца ентузијасти, љубители на технологијата и учењето, веруваме во огромната важност што ја има континуираното образованието во нашите животи.
Ние, голем дел од сопствениот живот го посветивме во формално надградување по образовни институции во нашата земја и странство. Континуираното надградување и учење сѐ уште зазема значаен дел од нашето секојдневие.